ПРЕЗИДИУМОТ НА ЛЕВИЦА МУ ГО ЗАМРЗНА ЧЛЕНСТВОТО НА БРАНИМИР ЈОВАНОВИЌ

    ПРЕЗИДИУМОТ НА ЛЕВИЦА МУ ГО ЗАМРЗНА ЧЛЕНСТВОТО НА БРАНИМИР ЈОВАНОВИЌЈовановиќ поднесе неотповиклива оставка од сите партиски функции во Левица минатата година, кога ја прифати понудената функција советник во Кабинетот на Министерот за финансии - Бранимир Јовановиќ (Фото: СДК.МК)

    Президиумот на Левица му изрече мерка замрзнување на членството на Бранимир Јовановиќ, соопшти партијата. За советникот на министерот за финансии Драган Тевдовски, од Левица велат дека е „апологет на штетните економски политики на Владата предводена од СДСМ“.

    Јовановиќ поднесе неотповиклива оставка од сите партиски функции во Левица минатата година, кога ја прифати понудената функција советник во Кабинетот на Министерот за финансии, но тогаш, како што велат од Левица, решиле да не го санкционираат на никаков начин, туку само да ја следат неговата работа во новата Влада.

    „Но, по последниот развој на настаните – поврзани со носењето на серија крајно штетни економски одлуки кои не беа предвидени ниту во предизборната програма на владејачката коалиција – Президиумот, согласно интерниот Правилник за дисциплинска одговорност на членовите, одлучи привремено да го замрзне членството на Бранимир Јовановиќ во Левица, поради јавно застапување политики и ставови кои се суштински спротивни на нашата идеологија и на најважните основачки акти на партијата: Статутот, Платформата и Политичка програма на Левица“, соопшти Левица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира