САД ЈА ОБЈАВИ ЛИСТАТА НА 210 РУСИ ПОВРЗАНИ СО ПУТИН, НОВИ САНКЦИИ НЕ СЕ ПРЕДВИДЕНИ

    САД ЈА ОБЈАВИ ЛИСТАТА НА 210 РУСИ ПОВРЗАНИ СО ПУТИН, НОВИ САНКЦИИ НЕ СЕ ПРЕДВИДЕНИГаздата на Челзи Роман Абрамович и премиерот Андреј Медведев исто така се најдоа на листата нарачана од Конгресот (Фото: ЕПА)

    Двесте и десет Руси, вклучувајќи луѓе од владата и 96 олигарси кои се наоѓаат на рангирањето на милијардери на „Форбс“, влегоа во листата имиња поврзани со Владимир Путин, што ја нарача американскиот Конгрес, како одговор на наводното мешање на Русија во претседателската кампања во 2016 година.

    Иако САД тврдат дека тие, барем засега, нема да бидат предмет на нови санкции, Путин вели дека оваа листа претставува напад на целиот руски народ.

    „Ова е непријателски гест, кој би можел дополнително да ги искомплицира односите помеѓу САД и Русија, но ние не сакаме нова ескалација. Русија треба да мисли на себеси и на својата економија“, кажа Путин.

    Долго очекуваната листа ги вклучува целата администрација на Путин, меѓу кои и премиерот Андреј Медведев, сите челници на законодавната власт и извршните директори на главните државно контролирани компании, како Алексеј Милер („Гаспром“), Игор Сечин („Роснефт“) и Јури Ковалчук („Банк Росија“).

    На листата се и богатите газди на англиските фудбалски клубови Челзи (Роман Абрамович) и Арсенал (Алишер Усманов).

    „Ова не е листа за санкции, ниту, пак, значи дека американската влада има сознанија за вмешаноста на овие лица во незаконски активности“, се вели во појаснувањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира