ВРЕМЕ Е ЗА ОДЛУКА ЗА ИМЕТО, ИЗЈАВИЛ НИМИЦ ПО СРЕДБИТЕ ВО АТИНА

    ВРЕМЕ Е ЗА ОДЛУКА ЗА ИМЕТО, ИЗЈАВИЛ НИМИЦ ПО СРЕДБИТЕ ВО АТИНАMедијаторот Метју Нимиц утре доаѓа во Скопје. - Нимиц по денешната средба со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас во Атина (Фото: АНА-МПА)

    Постои моментум, време е за носење одлуки, изјавил медијаторот Метју Нимиц по денешната средба со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас во Атина, јави дописничката на државната агенција МИА од Атина.

    Нимиц и Коѕијас разговарале за последните идеи на медијаторот и ги слушнал позициите на грчката влада.
    „Мислам дека постои моментум тука. Чекањето нема смисла тука, нема смисла кај северниот сосед, генерално нема смисла. Разговараме за ова прашање 25 години, сите знаат кои се прашањата. Време е за носење одлуки и мислам дека сме тука“, рекол медијаторот Метју Нимиц, пренесува МИА.

    Посредникот во спорот со имeто Нимиц, рекол дека чекањето, и забавувањето на нештата во моментов нема никаква логика, како во Грција, така и во Македонија.

    Нимиц се сретнал и со Јоргос Кумуцакос, од опозициската партија Нова демократија. Медијаторот Нимиц, по средбите во Атина, утре доаѓа во Скопје на средба со државниот врв.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира