Околу 30-мина Срби стиснаа заби и трчаа наоколу по гаќи и покрај смрзнувачкиот ветер за време на втората годишна „Трка по долна облека“ во Белград.
„Сакаме да направиме нешто невообичаено, весело и безгрижно, нешто помалку наивно и детско“, вели организаторот Верољуб Змијанац.
„Друга причина е чист егзибиционизам. Луѓето сакаат да излезат надвор и да позираат“, додаде тој.
За разлика од минатата година, овојпат немаше снег, а температурата беше нешто над нулата. Сепак, годинава имаше помалку учесници од лани, можеби поради силниот ветер на брегот на Дунав кај Дорќол, каде што се одржа трката на 1.600 метри.
Целната линија прв ја помина Ивица Длачиќ, но немаше официјално мерење на времето за време на трката. Самото учество беше најважно.
Најстариот тркач, 52-годишниот Раде Јовановиќ, патуваше 120 километри од Крагујевац за да учествува и кажа дека станува збор за „забава во добро друштво“.
Трчањето е сè попопуларно во Белград, а градот во последните години почна да гради инфраструктура за луѓето кои сакаат да трчаат.