ИНДЕКСОТ НА ВОЛ СТРИТ НА НАЈНИСКО НИВО ОД 2011, ПАДНАА И ЕВРОПСКИТЕ И АЗИСКИТЕ БЕРЗИ

    ИНДЕКСОТ НА ВОЛ СТРИТ НА НАЈНИСКО НИВО ОД 2011, ПАДНАА И ЕВРОПСКИТЕ И АЗИСКИТЕ БЕРЗИПадот на светските берзи беше поттикнат од податоците објавени во САД минатата недела, кои покажаа поголем пораст на платите (Фото: АП)

    Цените на акциите на европските и на азиските берзи забележаа голем пад денеска, следејќи ја надолната линија на индексот на Вол Стрит, кој се најде на најниско ниво од 2011 година.

    Лондон, Франкфурт и Париз го отворија денот со загуби до три отсто, додека во САД, индексот Дау Џонс преку ноќ забележа загуба од 4,6%, најмногу од август 2011 година.

    На ист начин реагираше и јапонскиот индекс Никеи, кој затворил со загуба од 4,7%.

    Вчера во еден момент, Дау Џонс бил во минус од шест отсто, односно за речиси 1.600 бодови, што е негов најголем бодовен пад во еден ден во историјата.

    Светските берзи со години зајакнуваа, при што индексите достигнуваа највисоко ниво во историјата, благодарение на стабилниот раст на глобалната економија и зголемувањето на профитот на компаниите.

    Корекцијата на цените на акциите затоа беше очекувана, а беше поттикната од податоците објавени во САД минатата недела, кои покажаа поголем пораст на платите, што, пак, ги зголеми очекувањата дека каматните стапки ќе почнат побрзо да растат, за да се справат со инфлацијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира