Белата куќа соопшти дека американскиот потпретседател Мајк Пенс немал никаков контакт со сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун, иако тие седеа еден зад друг на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
Пенс седеше меѓу јужнокорејскиот претседател Мун Џае-Ин и јапонскиот премиер Шинзо Абе, додека во редот зад нив беа сместени Ким Јо-Јинг, која има висока функција во Работничката партија на Северна Кореја и 90-годишниот церемонијален шеф на државата, Ким Јонг-Нам.
Официјално лице од Белата куќа изјави дека Пенс станал само за американските спортисти, не и за заедничкото дефиле на двете Кореи, момент што ја обележа свеченоста.
Пенс, исто така, не се појавил на вечерата, на којашто требало да седи на иста маса со Ким Јонг-Нам.