ХРИСТИЈАН ДУМА НОВ ДИРЕКТОР НА ОЧНА КЛИНИКА

    ХРИСТИЈАН ДУМА НОВ ДИРЕКТОР НА ОЧНА КЛИНИКАД-р Христијан Дума (десно)

    Министерството за здравство информираше дека именувале директори на клиниките за кардиологија и очни болести и на Стоматолошкиот клинички центар, откако пред месец и половина директорите што беа именувани како кадар од Алијансата за Албанците си поднесоа оставки.

    Д-р Христијан Дума е нов в.д директор на Клиниката за очни болести, и доаѓа на местото на д-р Беким Татеши.

    Нов в.д директор на стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ е д-р Амела Цана, која доаѓа на местото на д-р Агим Караи.

    Со Клиниката за кардиологија ќе раководи д-р Жан Зимбаков, кој на функцијата доаѓа по д-р Беким Поцеста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира