СЕ УРНА АВИОН ВО ИРАН, 66 ЗАГИНАТИ

    СЕ УРНА АВИОН ВО ИРАН, 66 ЗАГИНАТИАвионот бил на компанијата „Асеман ерлајнс“, која сообраќа главно на домашни линии

    Шеесет и шест луѓе загинаа во уривањето на авион во Иран, соопштија официјални лица од авионската компанија „Асеман ерлајнс“, додавајќи дека нема преживеани.

    Авионот летал на релација Техеран-Јасуџ, кога се урнал во планините Загрос. Тој исчезнал од радарот еден час по полетувањето од иранскиот главен град, при што се урнал 22 километри пред да требало да слета. Во авионот од француско производство имало 60 патници и шест членови на екипажот.

    „По пребарувањето на областа, за жал, мора да информираме дека авионот се урнал и сите што биле во него загинале“, кажа портпаролот на компанијата, Моамад Табатабаи.

    Поради лошите временски услови во регионот, спасувачките екипи не можеле да пристапат со хеликоптери, туку морале да патуваат по копно.

    „Асеман ерлајнс“ е компанија која сообраќа главно на домашни линии, поврзувајќи го Техеран со помали градови во внатрешноста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира