НЕ СЛУШААТ, НО ОДЛИЧНО ПЕРЦЕПИРААТ И ЗАТОА СЕ НАЈКРЕАТИВНИ, УЧЕНИЦИТЕ СО ОШТЕТЕН СЛУХ ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „УМЕТНОСТ ЗА СИТЕ“

    НЕ СЛУШААТ, НО ОДЛИЧНО ПЕРЦЕПИРААТ И ЗАТОА СЕ НАЈКРЕАТИВНИ, УЧЕНИЦИТЕ СО ОШТЕТЕН СЛУХ ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „УМЕТНОСТ ЗА СИТЕ“Сара Владева, Васја Шаќири и Нежла Иљазова се ученички во трета година во Државниот училишен центар за образование и рехабилитација на лица со оштетен слух и говор „Партение Зографски“ во Скопје (Фото: М.Златевска)

    Многу сакаме да цртаме фустани, накит и облека за глумци“, велат седумнаесетгодишните Сара Владева, Васја Шаќири и дваесетгодишната Нежла Иљазова.

    Тие се ученички во трета година во Државниот училишен центар за образование и рехабилитација на лица со оштетен слух и говор „Партение Зографски“ во Скопје, и велат дека часовите по ликовно и по текстилен дизајн им се омилени.

    На нашето прашање, која ѕвезда би сакале да ја облечат, тие весело одговорија Бурак Оџдивит, популарен турски актер (Фото: М.Златевска)

    Ходниците во училиштето се нацртани и украсени со маски, слики, фотографии од учениците. Сара, Васја и Нежла нѐ пречекаа во кабинетот по ликовно, полн со фотографии од изложби, креации, ракотворби, четки, бои и материјали каде изработуваа ламба од хартија. Трудољубиво и посветено, веќе увежбани, ги превиткуваа листовите од хартија на неколку пати и ги редеа една до друга.

    Нивниот говор преку знаковниот јазик ни го пренесуваше професорот Игор Китановски. На нашето прашање, која ѕвезда би сакале да ја облечат, тие весело одговорија Бурак Оџдивит, популарен турски актер.

    „Заради концентрацијата и посветеноста, лицата со оштетен слух се толку креативни и успешни. Затоа имаат ефект во што го работат, не само во уметност, туку и во фудбал или друга област“.- професорот Игор Китановски (Фото: М.Златевска)

    Учениците од „Партение Зографски“ ќе бидат вклучени во ликовно- едукативниот проект „Уметност за сите“ на Националната галерија на Македонија и на Холандската амбасада во Македонија, наменет за децата со аутизам, оштетен говор, слух и вид, од најрана училишна возраст до завршување на средното образование.

    Целта на проектот кој ќе трае до крај на 2019 година, е социјална и општествена инклузија на лицата со попреченост преку културата и уметноста.

    Според координаторката на проектот, Маја Димитрова, проектот е поделен во четири целини од по 3 месеци, и ќе има работилници, дебати и организирани посети, каде децата ќе можат да работат со глина, фотографија, инсталација во простор и со акрил на платно.

    Не случајно овие ученици се надарени, затоа што покрај својата хендикепираност, тие имаат развиено други способности. На едно тело или на една индивидуа, кога ќе му одземеш одредена работа, тоа ја засилува другата страна. Тоа е пример со креативноста.

    За проектот „Уметност за сите“, во септември годинава учениците три дена ќе работат во креативна работилница, а напролет в година, ќе имаат ликовен перформанс на отворен простор (Фото: М.Златевска)

    Тие не слушаат, но одлично гледаат и перцепираат, кога станува збор не само во керамиката, глината , туку и во сликањето.

    Тие не се разликуваат ни повеќе ни помалку од другите деца на овој светот. Имаат недостаток на слух и говор, но токму затоа се 100 отсто концентрирани на работата која ја работат. Ако јас нешто работам и ми заѕвони телефонот, веднаш ми се губи конвентрацијата. Тие нема да го го слушнат телефонот и ќе продолжат со активноста на која се концентрирани.

    Заради концентрацијата и посветеноста, тие се толку креативни и успешни. Затоа имаат ефект во што го работат, не само во уметност, туку и во фудбал или друга област“, ни рече професорот.

    Кабинетот по ликовно е полн со фотографии од изложби, креации, ракотворби, четки, бои и материјали (Фото: М.Златевска)

    Тој им предава ликовно образование во прва година и текстилен дизајн во трета година, а учениците посетуваат и практична настава по текстилен дизајн кај професорката Роза Блажевска.

    Во училиштето има 47 ученици, во пет класа, по две паралеки, машинска и текстилна во една година. Во еден клас може максимум да има 8 до 10 ученици. бка. Некои од нив се повозрасни, во случај кога подоцна тргнале на училиште, виде Законот за образование дозволува лицата со посебни потреби да се школуваат до 26 години.

    Тука наставата по ликовно се одвива како во секое друго училиште, според наставната програма. Ние се држиме до таа програма колку што можеме повеќе , но не бидејќи се работи за ученици со посебни потреби, ја прилагодуваме на нив.

    Во 2016 година учествувале на хуманитарната акција „Треш фешн“, каде Даниел Мухединов, во конкуренција со 42 училишта, освоил второ место со настапот и костимот како Мајкл Џексон (Фото: М.Златевска)

    Покрај наставаната редовна програма, имаме и слободни активности, во кои, најчесто собираме отпаден материјал, стакло, пластика, хартија и од тоа реализираме готовов производ. Целта е да им укажам на учениците дека отпадот може да биде функционален“, рече Китановски.

    Тоа што ќе им се понуди, со својата надареност го изработуваат до максимум, додава тој. Не секој ученик е надарен, вели тој, но благодарение на педагошката работа, тие успеваат да постигнат дадени квалитети.

    Кабинетот по практична настава по текстилен дизајн кај професорката Роза Блажевска (Фото: М.Златевска)

    Професорот гордо раскажува за многуте изложби, претставувања и освоени награди, како на пример во Меморијалниот центар „Мајка Тереза“, Мала станица, Даут пашин амам и во „Сити мол“.

    Во 2016 година учествувале на хуманитарната акција „Треш фешн“, каде Даниел Мухединов, во конкуренција со 42 училишта, освоил второ место со настапот и костимот како Мајкл Џексон .

    Уметничките дела и креации во кабинетот по ликовно (Фото: М.Златевска)

    За костимот кој стои во кабинетот, изработен од хартија и фолија, Нежла уште на почетокот ни рече дека заедно го работеле 15 тина ученици.

    Китановски вели дека во врска со проектот „Уметност за сите“, во септември годинава три дена ќе работат во креативна работилница, а напролет в година, ќе имаат ликовен перформанс на отворен простор, со сликање на платно.

    Деветмина ученика и тројца наставници неодамна учествуваа на карневалот во Риека, како дел од тим со 100 учесници од Хрватска и од Словенија.

    Ходниците во училиштето се нацртани и украсени со маски, слики, фотографии од учениците (Фото: М.Златевска)

    Ние бевме единствени во тимот, ученици со оштетен слух и говор. На карневалот настапивме со тимот составен од десетина ученички домови со назив на маска

    Волшебници’(Чаробњаци) .Одлично се претставивме а нашите ученици беа презадоволни.

    Овој карневал е трет по големина во светот и во Хрватска е многу популарен. Ваквите настани и настапи се од огромна важност за нашите ученици“, вели професорот Китановски.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира