ГРЧКИТЕ ПРАТЕНИЦИ ЈА ОДОБРИЈА ПРОДАЖБАТА НА СОЛУНСКОТО ПРИСТАНИШТЕ

    ГРЧКИТЕ ПРАТЕНИЦИ ЈА ОДОБРИЈА ПРОДАЖБАТА НА СОЛУНСКОТО ПРИСТАНИШТЕСолунското пристаниште е второ по големина во Грција. (Фото: Катимерини)

    Грчкиот парламент вчера ја одобри продажбата на удел од 67 отсто во Солунското пристаниште за 232 милиони евра. Парламентот го ратификуваше договорот, кој што беше потпишан во декември со конзорциумот составен од германската компанија „Дојче Инвест“, руско-грчката „Белтера Инвестментс“ и француската „Франсес Терминал Линк“.

    Вчерашната ратификација следува по приватизацијата на пристаништето Пиреја, најголемото во Грција, преку продажба на мнозински удел на кинеската групација „Коско“.

    Грчката влада вели дека е посветена на продолжување на реформите за намалување на трошоците и приватизација на државните компании.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира