НОВИ 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ЧАВКОВ, МУКОСКИ, ВАСИЛЕВСКИ И УШТЕ 10-МИНА ОСОМНИЧЕНИ ЗА 27 АПРИЛ, ОТСЕГА ВРХОВНИОТ СУД ЌЕ ОДЛУЧУВА ПО ЖАЛБИТЕ

    НОВИ 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ЧАВКОВ, МУКОСКИ, ВАСИЛЕВСКИ И УШТЕ 10-МИНА ОСОМНИЧЕНИ ЗА 27 АПРИЛ, ОТСЕГА ВРХОВНИОТ СУД ЌЕ ОДЛУЧУВА ПО ЖАЛБИТЕОсновниот суд има право да изрекува мерка притвор до 90 дена, потоа првостепен орган е Апелациониот суд. - Митко Чавков на седница на Апелациониот суд на 12 јануари (Фото: СДК.МК)

    Апелациониот суд Скопје, откако минатата недела им ги одби жалбите на осомничените за 27 април пратеници и функционери од МВР за третата мерка притвор, вчера им одредил нови 30 дена притвор, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Вкупно, ова е четврто продолжение на нивниот притвор, со три одлуки од Кривичниот суд и прва од Апелациониот суд.

    За 13 лица, меѓу кои поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски и Сашо Василевски, лица од кабинетот на тогашниот претседавач Трајко Вељаноски, од Агенцијата за разузнавање и други, Апелациониот суд одлучил како првостепен орган. Апелација има право три пати по 30 дена да продолжува притвор, по истекот на првите 90, што ги одредуваше Основниот суд Скопје 1.

    „Сега ние сме првостепениот орган. Отсега ние ќе одлучуваме за натамошните мерки или укинувања. Отсега натаму за жалбите по одлуките на Апелациониот суд Скопје, ќе одлучува Врховниот суд.“, објаснуваат во Скопска апелација.

    За оперскиот пејач Игор Дурловски, актерот Владо Јовановски и останатите организатори на протестите на „За заедничка Македонија3 и други лица на кои им беа ублажени мерките и беа пратени во куќен притвор, Апелациониот суд ќе одлучува дополнително.

    Во куќен притвор остануваат и пратениците Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира