МАКЕДОНИЈА НЕМА ПОТРЕБА ОД АРАНЖМАН СО ММФ, НО ПОМОШТА Е ДОБРЕДОЈДЕНА, ВЕЛИ ТЕВДОВСКИ

    МАКЕДОНИЈА НЕМА ПОТРЕБА ОД АРАНЖМАН СО ММФ, НО ПОМОШТА Е ДОБРЕДОЈДЕНА, ВЕЛИ ТЕВДОВСКИМинистерот за финансии Драган Тевдовски на „монетарците“ им кажал дека мерките на фискалната политика ќе бидат насочени кон стабилизирање на јавниот долг на среден рок. (Фото: Министерство за финансии)

    Македонија нема потреба од аранжман со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), е заклучокот од денешната средба меѓу министерот за финансии Драган Тевдовски и новоназначениот резидентен претставник на ММФ во Македонија Себастијан Соса.

    Соса на состанокот кажал дека ММФ го поддржува планот за реформи на јавните финансии и дека нуди значителна експертска и техничка помош за реализација на реформите, особено во делот на среднорочно буџетирање, фискалниот совет и во даночната реформа.

    Министерот Тевдовски смета помошта од ММФ е добредојдена за натамошно зајакнување на транспарентноста, како значителен придонес кон одговорно и квалитетното управување со јавните финансии.

    Тевдовски на монетарците им кажал дека мерките на фискалната политика ќе бидат насочени кон стабилизирање на јавниот долг на среден рок.

    Резидентниот претставник во Македонија Себастијан Соса, истовремено е и резидентен претставник на ММФ во Србија. Тој ќе остане со седиште во Белград, но ќе има редовна комуникација со властите во Македонија. ММФ две години немаше резидентен претставник во земјава, од завршувањето на мандатот на Патрик Гитон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира