ЕМИСИЈАТА „КОД“ И МЕНЧЕ АТАНАСОВА ТОЧИ ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА ЗА ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИЈА НА ЗНМ, ЉУБОМИР ГАЈДОВ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

    ЕМИСИЈАТА „КОД“ И МЕНЧЕ АТАНАСОВА ТОЧИ ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА ЗА ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИЈА НА ЗНМ, ЉУБОМИР ГАЈДОВ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛОДобитниците на наградите на ЗНМ, Снежана Лупевска Созен и екипата на „Код“ Миомир Серафимовиќ, Билјана Николовска, Менче Атанасова Точи и Љубомир Гајдов (Фото: СДК.МК)

    Емисијата „Код“ на Снежана Лупевска Созен за настаните од 27 април во Собранието и Менче Атанасова Точи за приказната за гинекологот кој девет месеци лажел жена дека е бремена се добитници на наградите за истражувачка сторија од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Наградата за животно дело доби новинарот Љубомир Гајдов.

    Менче Атанасова Точи истражуваше скандал во здравството за лекарот кој девет месеци лажел жена дека е бремена, кој доби епилог.

    Снежана Лупевска Созен со екипата на „Код“ која ја сочинуваат Миомир Серафиновиќ и Билјана Николовска преку серијалот објави со наслов „Истрага за крвавиот четврток“ ги истражува настаните во Собрание од 27 април 2017 година.

    На предлог на иницијативна група, наградата за животно дело ја доби новинарот Љубомир Гајдов, кој педесетина години е дел од новинарството.

    Новинарот Гајдов во својата кариера бил известувач и коментатор од големи светски настани, кои ја сменија светската историја, долгогодишен новинар на МТВ и Радио Скопје.

    ЗНМ денес одбележа 72 години од формирањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира