Функционер на ДУИ утрово вербално нападнал полицајка додека пајак му ја кревал колата. Министерството за внатрешни работи соопшти дека на лицето Б. А. му е поднесена прекршочна пријава, оти денес околу 10 часот на крстосницата меѓу булевар Гоце Делчев и улицата Филип Втори во Скопје вербално нападнал полициска службеничка и бил многу агресивен.
„При подигање на патничко моторно возило ‘ленд ровер’ со скопски регистарски ознаки со специјално возило пајак, од страна на Б. А. вербално е нападната полициска службеничка, која била на местото на настанот. Бидејќи Б. А. агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот. Бидејќи Б. А. агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот. Со Б. А. е извршен разговор во ПС Бит Пазар и изготвен записник за констатиран прекршок по чл. 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Се работи на целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР.