ДИЈАСПОРАТА ПРОТЕСТИРАШЕ ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО

    ДИЈАСПОРАТА ПРОТЕСТИРАШЕ ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТОМакедонската дијаспора во Австралија на протестот против промена на името во Сиднеј. (Фото: Твитер)

    Илјадници Македонци протестираа во Мелбурн, Сиднеј и Перт против промена на уставното име Република Македонија. На собирите во трите австралиски града беше кажано дека јазикот, идентитетот и културата на Македонија се загрозени.

    „Не треба да се докажуваме кои сме, ниту на Грција, ниту на Европската унија. Ние сме тие кои сме. Ние сме Македонија“, кажа еден од говорниците на скалите на државниот парламент во Мелбурн.

    Протест на македонските иселеници, насловен „Ние сме Македонија“, имаше и во Вашингтон, каде што неколку организации од Њу Џерси, Масачусетс, Њујорк и Вашингтон, побараа од македонската влада прекин на преговорите за името со Грција и заштита на македонскиот идентитет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира