МОРАТОРИУМОТ ЗА ГРАДБА ВО ЦЕНТАР ЌЕ СЕ ПРОДОЛЖИ ДО МАЈ

    МОРАТОРИУМОТ ЗА ГРАДБА ВО ЦЕНТАР ЌЕ СЕ ПРОДОЛЖИ ДО МАЈПо предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ утре Советот на Општина Центар, ќе одлучува продолжување на одлуката за запирање на спроведувањето на 31 детален урбанистички план односно и до мај да не се издаваат дозволи за градба.(Фото:СДК.МК)

    Уште два месеца ќе биде на сила мораториумот за градба во општина Центар.

    По предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ утре Советот на Општина Центар, ќе одлучува продолжување на одлуката за запирање на спроведувањето на 31 детален урбанистички план односно и до мај  да не се издаваат дозволи за градба.

    Мораториумот се продолжува за уште два месеци, бидејќи како што стои во образложението,зададениот период е краток за да се направи анализа на Деталните урбанистички планови и да се овозможи законитост во постапувањето, а особено поради неопходната потреба за усогласување на планската документација со законските обврски и фактичката состојба.

    Општина Центар првата одлука за воведување мораториум за градба ја донесе на 27 декември лани. Од Општината велат сите започнати постапки пред донесување на одлуката продолжуваат да се реализираат по условите кои важат пред носењето на мораториумот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира