Покрај претседателот на Антикорупциската комисија Игор Тантуровски и Горан Миленков, првиот член што се повлече, денес оставки до Собранието доставиле уште тројца членови Жаклина Дамчевска, Сејди Халили и Фадие Алиу.
Уште се мислат дали да поднесат оставка преостанатите двајца членови, Сузана Таскова Аџикотарова и Најдо Спасевски, велат извори од Антикорупциска за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Оставките на членовите на Антикорупциска доаѓаат по серијата текстови кои мината недела ги објави САКАМДАКАЖАМ.МК за неправилности во работата односно ненаменско трошење на буџетски средства.
Г. ТРПЕНОСКИ