СЕ ЗАПАЛИ СТИРОПОРОТ НА ЗГРАДАТА НА НАСТЕЛ ВО СКОПСКО ТАФТАЛИЏЕ

    СЕ ЗАПАЛИ СТИРОПОРОТ НА ЗГРАДАТА НА НАСТЕЛ ВО СКОПСКО ТАФТАЛИЏЕОд Противпожарната бригада на град Скопје велат дека пожарот е локализиран и дека нема жртви и повредени (Фото: И.Довлев)

    Се запали недоградената зграда на градежната фирма „Настел“ во скопската населба Тафталиџе на булевар „8 Септември“ до поранешна Алумина. Екипи на Противпожарната бригада на град Скопје се на терен и го гасат пожарот.

    „Пожарот е локализиран. Се запалил стиропорот на фасадата. Наши екипи се на самото место, дополнително ќе се утврди штетата и причините за пожарот. Нема повредени и жртви“, вели Звонко Томески , командир на Противпожарната бригада на град Скопје.

    Градежната компанија „Настел“ попладнево соопшти дека „пожарот во ламела 5 е изгаснат и нема простор за паника бидејќи истиот нема предизвикано никаква штета“.

    Жителите на Карпош изминатите години повеќе пати протестираа и реагираа против дозволата за изградба на оваа зграда, која ја даде поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски. Тие ја окарактеризираа оваа зграда како урбанистички и еколошки монструм, бидејќи зафаќа голема површина и голема катност, од 40 метри во висина.

    Граѓаните дополнително реагираа дека маркичката за зградата е нацртана на место на некогашни спортски игралишта.

    А.АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира