Антивладините демонстранти запалија факели за време на движењето кај споменикот на Скендербег, низ подвозникот кај поранешната Стоковна куќа Мост, на пат од Собранието кон Владата. Истиот ефект тие го правеа и во саботата.
Тие патем ја обоија и зградата на МНР, како еден од симболите на скапиот проект Скопје 2014 и оградата на мостот „Слобода“ за која беа потрошени над милион евра пари од буџетот.
Единицата за боење вечерва го обои Собранието. Во исто време во паркот „Жена-борец“ демонстранти со маски на лицата напишаа „Шарам слобода барам“ на споменикот на бранителите, а други пак со молерски ваљак на асфалтот пред Собрание напишаа „Не можете да ја избришете шарената револуција“.
Револуционерите и вечерва со пуштање бомби од опозицијата потсетија на изборните нерегуларности пред Собрание.