ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ ТРЕБА ДА СЕ ДОНЕСЕ НЕДЕЛАВА, КАЖА ЗАЕВ

    ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ ТРЕБА ДА СЕ ДОНЕСЕ НЕДЕЛАВА, КАЖА ЗАЕВПремиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ. (Фото: Влада на РМ)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека Законот за употреба на јазиците треба да се донесе оваа недела во Собранието, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.

    „Знаете дека 9 месеци е отворена дебатата, и за мене прашањето за Законот за употреба на јазиците е затворено и тој треба што поскоро да се донесе. Порано се носеа вакви закони со завршување на парламентарните избори, пред изборот на владата. Сега е поинаку, девет месеци е отворена дебатата. Сите кажаа сè што имаа да кажат. Тоа е едно уставно право што не е реализирано. Да го оставиме нека се реализира, нека има своја имплементација, и ќе видиме сите дека не е нешто што е тешко или болно, туку ќе ни помогне сите заедно подобро да се разбираме. Уште се разговара, но оваа недела треба Законот за јазиците да се донесе“, изјави Заев.

    Тој додаде дека Владата е стабилна и мнозинството во Собранието расте и ќе расте.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира