ЏАФЕРИ ДАДЕ ПАУЗА ЗА СРЕДБА СО КООРДИНАТОРИТЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ, ВМРО-ДПМНЕ НЕ ОТИДЕ НА КООРДИНАЦИЈАТА

    ЏАФЕРИ ДАДЕ ПАУЗА ЗА СРЕДБА СО КООРДИНАТОРИТЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ, ВМРО-ДПМНЕ НЕ ОТИДЕ НА КООРДИНАЦИЈАТАКоординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драги Данев со пратеникот и сопартиец Крсто Јовановски на денешната седница во Собранието. (Фото: М. Златевска)

    Иако претседателот Талат Џафери даде пауза за да има состанок со координаторите на пратеничките групи пред да биде ставена на дневен ред точката за Законот за употреба на јазиците, ВМРО-ДПМНЕ не отиде на координацијата.

    Како што кажа координаторот на опозициската партија Драган Данев, тие нема да одат на координација, бидејќи не биле договорени и го обвини Џафери дека ја злоупотребил говорницата. Тој рече дека на писмено му доставиле на Џафери две барања, едното да заседава Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања дали може да се поднесуваат амандмани и второто на седница да се разгледаат сите поднесени амандмани.

    Собранието претходно ги изгласа точките од дневниот ред за кои што беше завршена општата расправа и требаше само да се гласа. Спикерот Талат Џафери потоа даде половина час пауза за средба со координаторите на пратеничките групи за понатамошно одвивање на седница, односно како ќе тече гласањето за Законот за употреба на јазиците.

    Пратениците не гласаа за Предлог законот за измени на Законот на минерални суровини по скратена постапка, за кој што Џафери образложи дека нема услови.

    По паузата, по Законот за употреба на јазиците, останува да се усвојат уште годишните извештаи за работа на Судскиот совет, на државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и годишниот финансиски план на Агенцијата за супервизија на осигурување.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира