ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО СПРЕЧИ ТЕПАЧКА НА ГРУЕВСКИ СО ЏАФЕРИ

    ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО СПРЕЧИ ТЕПАЧКА НА ГРУЕВСКИ СО ЏАФЕРИГруевски му застана на патот на Џафери додека спикерот ја напушташе собраниската сала. (Фото: М. Златевска)

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го испрска со вода претседателот на Собранието Талат Џафери, па му ја зема картичката за гласање, по што Џафери даде пауза и стана да си оди, но беше запрен од Груевски, при што дојде до турканица меѓу нив двајца. Собраниското обезбедување интервенираше и ги раздели пред да дојде до тепачка.

    Ова се случи веднаш откако Џафери ја стави на дневен ред точката за Законот за употреба на јазиците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира