НАЈДОБРО Е ДА СИ ПРИЗНАЕШ ВИНА ЗАШТО ИМА ГОТОВИ ДОКАЗИ, ЈА ПОВИКА КАТИЦА ЕКСМИНИСТЕРКАТА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА

    НАЈДОБРО Е ДА СИ ПРИЗНАЕШ ВИНА ЗАШТО ИМА ГОТОВИ ДОКАЗИ, ЈА ПОВИКА КАТИЦА ЕКСМИНИСТЕРКАТА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКАПоранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска е обвинета за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањата, во врска со нелегален тендер за градежни активности за уредувањето на Музејот на ВМРО. - Јанева на денешната прес-конференција на СЈО (Фото: Ѓ. Личовски)

    Специјалната обвинителка Катица Јанева, зборувајќи по малку за сите поднесени обвиненија кои се во судска постапка во интервју за телевизијата 24, ја повика ексминистерката за култура Елизабета Канческа – Милевска да си го признае делото во случајот „Тендери“.

    „Најдобро е поранешната министерка да си го признае делото. Имате реновирање околу музејот без тендер, па дури потоа тендер. Случајот е многу чист, сè си пишува во документи“, рече Јанева во вечерашното интервју на ТВ 24, повикувајќи ја неколку пати Канческа – Милевска да го признае кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањата, во врска со нелегален тендер за градежни активности за уредувањето на Музејот на ВМРО.

    Зборувајќи претходно за признанието на сега осудената Ивона Талевска за даночно затајување, Јанева рече дека такви изјави: „Да, виновна сум, го признавам делото за кое ме товари обвинителството“, не може а да не ги цени судот при носењето на пресудата.

    Освен документите од незаконскиот тендер и прислушуваните разговори, сведок во случајот „Тендери“ е поранешниот директор на Бетон Штип Илија Бреслиски, кој во истрагата потврдил дека ексминистерката му рекла да почне да гради и да не го чека тендерот, бидејќи средила него да го добие токму оваа компанија, што и се случило.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира