Комерцијална банка АД Скопје соопшти дека денеска во две блок трансакции беа истргувани вкупно 164.332 акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, по цена од 3.750 денари по акција, во вкупна вредност од 616.245.000 денари.
Акциите ги продаваат странски инвестициски фондови и нивни клиенти, додека купувачи се две физички лица и следните правни лица: Макпетрол АД Скопје, Индустри Сервис ДОО Скопје, М.Г. Фешн ДОО Увоз-Извоз Скопје, ЛЕАН ДОО Скопје, ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Увоз-Извоз Скопје, ИНТ Трејд ДООЕЛ Кочани
Дополнително, од банката известуваат дека секој од купувачите поединечно не го надминува прагот од 5% акционерско учество во вкупниот капитал на банката.
Вчера, во блок трансакција продадени беа 13 отсто од акциите на „Комерцијална банка“ АД Скопје на домашни компании. Истргувани беа 298.003 акции, по цена од 3.750 денари по акција, во вкупна вредност од 1.117.511.250 денари, а купувачи на пакциите на Ист капитал експлорер инвестментс АБ и неговото поврзано лице Салинк лимитид се Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт, Гранит АД Скопје, ИГМ-Трејд Илија ДОО и Индустри Сервис ДОО Скопје.