Струмичани и вечерва протестираа во знакот на Шарената револуција барајки одложување на изборите и повлекување на аблоцијата од страна на претседателот Иванов.
На главната раскрсница во центарот на градот испишаа порака со боја ,,Еднопартиски избори нема да дозволиме,, а како симболика за едногодишните протести против Власта и нивните барања подигнаа шатори . Од центарот на градот порачаа дека избори на 5 јуни нема да има а секој за сторените крвични дела ќе одговара.
Пред присутните се обратија граѓански активисти а своите пораки против Власта струмичани ги испишаа во боја на центарот на градот а пред струмичкиот суд симболично напишаа ,,нема правда нема мир“. ,