64 МРТВИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО РУСКИОТ ГРАД КЕМЕРОВО, МЕЃУ НИВ ДЕСЕТИЦИ ДЕЦА КОИ БИЛЕ ВО КИНО

    64 МРТВИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО РУСКИОТ ГРАД КЕМЕРОВО, МЕЃУ НИВ ДЕСЕТИЦИ ДЕЦА КОИ БИЛЕ ВО КИНОПожарникарите се бореле со пожарот повеќе од 15 часа (Фото: Гети)

    Пожарот во трговски центар во рускиот град Кемерово се претвори во невидена катастрофа, откако властите објавија дека повеќето од загинатите се деца.

    Досега е потврдена смрт на 64 лица и дури 41 од жртвите би можеле да бидат деца, кои биле во кино кога избувнал пожарот. Се верува дека бројот на загинатите ќе расте, бидејќи 10 лица сѐ уште се водат како исчезнати.

    Сѐ уште е нејасно што е причината за пожарот, со кој пожарникарите се бореле со часови и тој, конечно, бил изгаснат вчера вечер.

    „Овој повеќекатен трговски центар беше преполн со луѓе во неделата. Никој не знае колку точно луѓе имало внатре кога избил пожарот. Ова значително ја усложнува работата на пожарникарите, затоа што не знаат каде сѐ да ги бараат“, изјави Александр Еремеев од локалниот оддел за кризни ситуации.

    Пожарот почнал на еден од погорните катови и потоа се проширил на површина од 1.500 квадратни метри. Властите објавија дека притоа дошло до уривање на покривот на двете кина.

    Ова е најкатастрофалниот пожар во Русија од 2009 година, кога во еден ноќен клуб во Перм загинаа 156 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира