СЕ ИСТРАЖУВА ЗОШТО БИЛ ИСКЛУЧЕН АЛАРМОТ, А ИЗЛЕЗИТЕ БЛОКИРАНИ ВО ПОЖАРОТ ВО РУСИЈА

    СЕ ИСТРАЖУВА ЗОШТО БИЛ ИСКЛУЧЕН АЛАРМОТ, А ИЗЛЕЗИТЕ БЛОКИРАНИ ВО ПОЖАРОТ ВО РУСИЈАНајмалку 64 луѓе, од кои десетици деца, загинаа во пожарот кој го зафати речиси целиот трговски центар

    Припадник на обезбедувањето кој од непознати причини го исклучил алармот за време на катастрофалниот пожар во трговски центар во рускиот град Кемерово се води како главен осомничен во случајот што го отворија федералните истражители.

    Најмалку 64 луѓе, од кои десетици деца, загинаа во пожарот кој го зафати речиси целиот трговски центар, при што на пожарникарите им требале 14 часа да го стават под контрола.

    „Излезите за итни случаи биле блокирани, а имало и други прекршувања на безбедносните мерки, што довело до смртоносни последици“, се вели во соопштението на Истражниот комитет.

    Видео-снимките покажаа дека пожарот избувнал во забавниот оддел, по што густ црн чад ја исполнил просторијата, додека родителите и децата панично бегаа надвор.

    Државните медиуми објавија дека 40-ина деца се водат како мртви или исчезнати.

    Истражителите ја испитуваат и можноста некое од децата да го предизвикало пожарот, играјќи се со запалка и парчиња стиропор. Пожарот зафатил површина од 1.500 квадратни метри, бидејќи во трговскиот центар биле вградени евтини и лесно запаливи материјали.

    Премиерот Дмитри Медведев соопшти дека семејствата на жртвите ќе добијат помош во висина од еден милион рубли (17.500 долари).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира