28 ВОЗАЧИ ОД ЈСП ДАЛЕ ОТКАЗ ЗА ДА ВОЗАТ ВО МАЛТА

    28 ВОЗАЧИ ОД ЈСП ДАЛЕ ОТКАЗ ЗА ДА ВОЗАТ ВО МАЛТАДиректорот на ЈСП„Скопје“ Кристијан Чушков потврдува дека дел од вработените возачи дале отказ, но вели нема да има проблем во функционирањето на јавниот превоз бидејќи има 1.560 вработени.(Фото: М. Златевска)

    Возачи од ЈСП „Скопје“ деновиве даваат отказ во претпријатието за да одат да возат автобуси во Малта.

    Досега 10 возачи дале отказ а други 18 најавиле дека ќе заминат бидејќи добиле работа да ги возат автобусите во јавниот превоз во Малта.

    Директорот на ЈСП „Скопје“ Кристијан Чушков за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдува дека дел од вработените возачи дале отказ, но вели нема да има проблем во функционирањето на јавниот превоз.

    „Најавени се 28 откази на возачи кои ќе одат да работат на Малта. Тоа е нивни избор. И да има повеќе кои ќе заминат нема да биде никаков проблем, имаме доволен број возачи. Го наследив претпријатието со 1.560 вработени“, вели Чушков.

    Освен овие 28 вработени, за Малта треба да заминат вкупно шеесетина возачи. Минатиот месец бил објавен оглас а потоа во Скопје имало интервју на надлежни во јавниот превоз во Малта, за ангажирање на возачи. Во огласот стои дека се бараат возачи со најмалку 3 годишно искуство и кандидатите не треба да се помлади од 24 години. Месечната плада е околу 1.300 евра односно зависи од искуството на возачите. За оние со тригодишно искуство годишната плата е 15.750 евра а за кандидатите со искуство над 4 година платата е 16.790 евра. Во огласот стои дека прекувремената работа доплонително се наплаќа. За возачите обезбедено е и смествување кое ќе ги чини 200 евра месечно а авионската карта е бесплатна односно работодавачот ја исплаќа по истекување на едногодишниот договор.

    Малта последниве неколку години стана една од најпопуларните дестинации каде што работат голем број Македонци.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира