РЕЧИСИ 70 ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ЗАТВОР ВО ВЕНЕЦУЕЛА

    РЕЧИСИ 70 ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ЗАТВОР ВО ВЕНЕЦУЕЛАПолицијата употреби солзавец за да ги растера семејствата на затворениците (Фото: Ројтерс)

    Речиси 70 луѓе загинаа во бунтот и пожарот во една полициска станица во градот Валенсија во Венецуела, објавија властите.

    Јавниот обвинител Тарек Саб изјави дека веднаш ќе почне истрага, за да се испита што се случило.

    Пожарот, наводно, го предизвикале затвореници, кога запалиле душеци со цел да избегаат од затворот. Властите потврдија дека има најмалку 68 загинати, вклучувајќи и две жени кои во тој момент биле во посета во затворот.

    Полицијата употреби солзавец за да ги растера семејствата на затворениците, кои се собраа пред затворот по веста за трагедијата, при што бил застрелан еден полицаец.

    Венецуела е позната по лошите услови во затворите и овој во Валенсија наводно имал капацитет за само 60 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира