ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДИМИТРИЕВСКИ ПЛАНИРА ДА ПОСТАВИ СПОМЕН-ПЛОЧИ НА СИТЕ ПРИЈАТЕЛИ НА КУМАНОВО, НЕ САМО НА КБР

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДИМИТРИЕВСКИ ПЛАНИРА ДА ПОСТАВИ СПОМЕН-ПЛОЧИ НА СИТЕ ПРИЈАТЕЛИ НА КУМАНОВО, НЕ САМО НА КБРЛистата на пријатели, градоначалникот Димитриевски ќе ја правел заедно со советниците, кои треба да ја донесат одлуката. - Димитриевски на седница на Советот на Општина Куманово (Фото: Фејсбук/Општина Куманово)

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски планира да постави спомен плочи на сите пријатели на Куманово, а не само на приватната американска фирма „Келог, Браун и Рут“ (КБР), која ги води кумановци во Ирак и Авганистан, како што најави вчера.

    Во дообјаснувањето од кабинетот на градоначалникот, стои дека идејата на Општина Куманово и на градоначалник била да направат парк кој ќе го наречат „Парк на пријатели на Куманово“ во кој ќе се постават споменици.

    „Во интерес на озеленување на градскиот централен регион и создавање на пријатно место за одмор и релаксација на граѓаните, во паркот ќе има фонтана, а покрај неа спомен постамент на која ќе се постават спомен плочи за благодарност на сите правни и физички лица кои направиле значајни работи за граѓаните, во која било сфера од животот на нашата Општина“, стои во соопштението од кабинетот на Димитриевски.

    Листата на пријатели ќе ја правеле заедно со советниците, кои треба да ја донесат одлуката.

    Градоначалникот вчера изјави дека американската компанија КБР има инкасирано во градскиот буџет повеќе од една милијарда евра, како најголем работодавач на граѓаните на Куманово, поради што локалната власт планира да и се оддолжи на 500-годишнината од настанувањето на градот, со поставување на спомен обележје кај затворениот базен.

    „Општината нема поголем партнер од таа компанија. Знаете дека има голем број на наши сограѓани кои работат за таа компанија и сметам дека во предвечерието на 500 години постоење на Куманово, нашиот град може да излезе со еден добар позитивен гест и да постави спомен обележје во рамки на едно убаво идејно решение“, изјави Димитриевски на седница на Совет.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира