Стотици домашни и меѓународни летови во Германија се откажани поради предупредувачкиот штрајк на вработените во јавниот сектор. Поради штрајкот на персоналот во противпожарната служба на аеродромот во Бон во западна Германија, утрово ниту полетуваа, ниту слетуваа авиони.
Авиокомпанијата „Луфтханза“ соопшти дека ќе бидат погодени околу 90.000 патници од откажаните летови. Место 1.600 летови до аеродромите во Франкфурт, Минхен, Бон и Бремен, ќе има само 800. Вкупно се откажани 58 интерконтинентални летови.
Синдикатот соопшти дека земниот персонал и персоналот за поддршка на корисниците исто така ќе биде погоден од овие таканаречени предупредувачки штрајкови
Аеродромот „Тегел“ во Берлин откажа 70 домашни летови на „Луфтханза“ и на „Еуровингс“, 40 домашни летови се откажани во Долна Саксонија и во Бремен.
Еднодневниот штрајк исто така ќе влијае и на локалниот транспорт, на јавните базени, грижата за деца и правните служби.
Синдикатот кажа дека автобуските и железничките служби во Дортмунд, Дуизбург, Келн и Есен ќе бидат откажани до доцна навечер.