Адвокатите на обвинетите во предметот на СЈО „Титаник“, каде обвинети за изборни злоупотреби се експремиерот Никола Груевски и неговите соработници, побараа изземање на судскиот совет, на чело со судијата Осман Шабани. Адвокатот Еленко Малинков побара изземање на судскиот совет оти Катица Јанева во ТВ интервју кажала дека прислушувани биле и судии.
Тој побара изземање и на претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев, како и на судии од Апелациониот суд. По ова барање, судијата даде пауза да се одлучи по барањето на одбраната. Претходно, одбраната се пожали дека камерите со кои се снима судењето не снимаат убаво бидејќи се наоѓаат на едната страна на судницата и не може да се снима целата просторија.
Рочиштето беше одложено додека да одлучи Апелациионит суд по барањето за изземање.
Претходно, адвокатите на Груевски побараа изземање и на судиите во предметите „Тенк“ и „ТНТ“ со истото образложение.
А. АНТЕВСКА