НОВИ НАПАДИ НА СИРИЈА ЗАСЕГА НЕ СЕ ПЛАНИРАНИ, ОБЈАВИ ПЕНТАГОН

    НОВИ НАПАДИ НА СИРИЈА ЗАСЕГА НЕ СЕ ПЛАНИРАНИ, ОБЈАВИ ПЕНТАГОННе потврди колку од проектилите ја погодиле целта. - Џим Матис (Фото: АФП)

    Пентагон објави дека други напади на Сирија засега не се планирани, откако САД, Велика Британија и Франција утрово испукаа над 100 проектили на Дамаск и околината, како одмазда за наводниот хемиски напад во Дума, за кој, како што велат, е одговорен сирискиот претседател Башар ал-Асад.

    Министерот за одбрана Џим Матис и генералот Џозеф Данфорд кажаа дека цел на нападите биле трите главни објекти за хемиско оружје, кои биле гаѓани и од море и од воздух.

    Пентагон не потврди колку од проектилите ја погодиле целта, но кажа дека ова била еднократна акција и други напади не се планирани.

    „Прецизно ги идентификувавме овие цели за да се намали ризикот руски сили да бидат вмешани. Американската војска ја извести Русија дека во нападите ќе биде користен воздушен простор на Сирија, но самите напади не ѝ беа најавени однапред“, изјави Данфорд.

    Матис додаде дека САД биле решени да го изведат нападот само доколку имаат конкретен доказ дека гасот хлорин бил користен во нападот на Дума на 7 април. Употребата на сарин не била потврдена.

    „Нападите беа прецизни и пропорционални, но, исто така, и многу силни“, изјави Матис.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира