ОМБУДСМАНОТ АЛАРМИРА ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЗАБРАНИ АЗИЛ ЗА БЕГАЛЦИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОМБУДСМАНОТ АЛАРМИРА ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЗАБРАНИ АЗИЛ ЗА БЕГАЛЦИТЕ

    Нелегалните мигранти кои се обиделе некако да влезат во Македонија, и кои на дневна основа не се во просек повеќе од пет-шест лица, веднаш се депортираат назад во Грција, без никаква правна процедура и без да им објасни дека и тие имаат право на азил, тврди Народниот правобранител Иџет Мемети.

    Народниот правобранител бара од Министерството за внатрешни работи веднаш да престане праксата на  депортирање на нерегуларните мигранти, и флагрантно да ги крши не само правата на овие лица, туку и одредбите на Меѓународоните конвеции и домашните закони.

    “Лицата кои се сместуваат во шаторот на организацијата Хабитат, што се наоѓа веднаш до Привремениот транзитен центар Винојуг – Гевгелија, се задржуваат по неколку часа. МВР нив ги евидентира, фотографира и им зема само најосновни податоци. Притоа, за овие лица не се води никаква официјална евиденција. По ова, тие се депортираат, без  да бидат запознати со законската можност да поднесат барање за признавање на правото на азил во Република Македонија“, тврди Народниот правобранител.

    При посетата на тимот на Народниот правобранител -Национален превентивен механизам и од разговорот извршен со дел од лицата сместени во штаторот, тој констатирал дека лицата што пред овластените службени лица на МВР изјавиле јасна намера дека сакаа да поднесат барање за признавање право на азил, биле одбивани со образложение дека такво право не им следува во Република Македонија. Им било кажувано дека тоа право може да го остваруваат по депортирањето, односно во земјата од којашто нерегуларно извршиле влез на територијата на Македонија, тврди Мемети.

    “Истовремено, Омбудсманот при посетата беше оневозможен  да направи ефикасна  истрага од причина што  претставниците на Центарот за управување со кризи  одбија да соработуваат со неговиот тим. Тие одбија да ги дадат дневните извештаи кои претставниците на ЦУК, присутни на  местото, ги испраќаат до централата на Центарот во Скопје“, алармира Мемети за оваа најнова состојба на кршење на човековите права и непочитување на законите на јужната граница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира