Во сообраќајна несреќа што денес околу 13.30 часот се случи во скопската населба Аеродром, двајца патници се полесно повредени.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека на крстосницата на булевар Јане Сандански со улицата Васко Карангелевски се судриле автомобил „шевролет спарк“ во сопственост на МВР и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски таблички.
„Две лица од патничкото возило ‘ауди’ се повредени во сообраќајната несреќа и веднаш се пренесени во Ургентниот центар на скопските клиники, каде е констатирано дека имаат лесни телесни повреди“, велат од МВР.