Судењето за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на 27 април минатата година во Собранието беше прекинато откако му се слоши на еден од обвинетите. Додека сведочеше новинарот Горан Трпеноски, обвинетиот Никола Војминовски изгуби свест, по што беше повикана Брза помош и беше дадена пауза.
Пред Трпеноски, денеска сведочеше поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Александар Стојковски, кој кажа дека обвинетиот Александар Јаневски – Тошта помогнал да се изнесе повредениот Села од Собранието. За истиот обвинет, Трпеноски рече дека го видел како стои во живиот ѕид пред пратениците и ги брани.