НАСА ЛАНСИРАШЕ САТЕЛИТ КОЈ ЌЕ БАРА ПЛАНЕТИ СО УСЛОВИ ЗА ЖИВОТ

    НАСА ЛАНСИРАШЕ САТЕЛИТ КОЈ ЌЕ БАРА ПЛАНЕТИ СО УСЛОВИ ЗА ЖИВОТПодатоците ќе се собираат во период од две години, во кој ТЕСС ќе го истражува целото небо, влегувајќи во 26 еднакви сектори. - Од лансирањето на сателитот со ракетата „Фалкон 9“ на „СпејсЕкс“ (Фото: НАСА)

    Сателит на НАСА дизајниран да бара други планети надвор од нашиот сончев систем, кои би можеле да имаат услови кои поддржуваат живот е лансиран вчера.

    Транзитниот егзопланетарен истражувачки сателит (ТЕСС) е лансиран во 18.51 часот од воздухопловната станица Кејп Канаверал на Флорида, летајќи кон вселената со „СпејсЕкс Фалкон 9“ ракета.

    Мисијата првично требаше да стартува во понеделникот оваа недела, но беше одложен за да можат научниците да направат дополнителни тестови на навигацискиот систем.

    ТЕСС успешно беше лансирана во орбитата, твитна „СпејсЕкс“ околу час и половина по лансирањето.

    ТЕСС ќе истражува 200.000 од најсветлите ѕвезди близу сонцето во потрага по егзопланети. НАСА вели дека ќе биде во можност да ги детектира, кога тие периодично ќе ја блокираат светлината од нивните ѕвезди домаќини.

    „Колку многу светови постојат надвор од нашиот сончев систем?“, праша НАСА на Твитер, каде постираше видео од лансирањето. Вселенската агенција кажа дека ТЕСС ќе користи четири камери за да го пребара скоро целото небо и да открие непознати светови.

    Научниците очекуваат со оваа мисија да се направи каталог на илјадници потенцијални егзопланети. Од овие околу 300 се очекува да бидат со големина меѓу големината на Земјата и двојно поголеми од Земјата.

    Сателитот ќе се обиде да најде егзопланети кои имаат најдобри ветувачки услови за поддршка на живот, кажа НАСА.

    Податоците ќе се собираат во период од две години, во кој ТЕСС ќе го истражува целото небо, влегувајќи во 26 еднакви сектори. Моќните камери на сателитот ќе гледаат во секој сектор најмалку 27 дена, барајќи меѓу најсјајните ѕвезди.

    Првото јавно објавување на обработените податоци е планирано на почетокот на 2019 година, кажа НАСА.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира