Почина најстарата личност во светот, 117-годишна Јапонка. Наби Таџима почина од старост во болница во сабота вечер во градот Кикаи во јужна Јапонија, потврдија градските власти. Таа беше во болница од јануари.
Таџима, родена на 4 август 1900 година, беше последната личност родена во 19. век. Таа изгледа седум синови и две ќерки и се верува дека повеќе од 160 наследници, вклучувајќи прапрапраправнуци.
Таџима стана најстарата личност во светот пред седум месеци, откако во септември почина Вајолет Браун од Јамајка, исто така, на возраст од 117 години.
Американската геронтолошка истражувачка група вели дека друга Јапонка Чијо Мијако, сега е најстарата личност во светот. Мијако живее јужно од Токио, во префектурата Канагава, и ќе наполни 117 години за десет дена.
Според Гинисовата книга на рекорди, најстар маж на планетата е 112-годишниот Масазо Нонака од северна Јапонија.