Девет луѓе загинаа и 16 се повредени откако маж влета со комбе во пешаци во Торонто, соопшти полицијата. Возачот избега од местото на злосторството на прометна крстосница во канадскиот град, но беше уапсен неколку блока подалеку и однесен во притвор. Властите велат дека сè уште немаат утврдено мотив за инцидентот.
На неколку видеа од апсењето изгледа како возачот да им покажува нешто на полицајците пред биде уапсен. Заменик началникот на полицијата во Торонто Питер Јуен кажа дека го истражуваат осомничениот и апелираше да се пријават сведоци на инцидентот.