ЖИТЕЛИТЕ НА ХАВАИ ЕВАКУИРАНИ ПО ЕРУПЦИЈАТА НА ВУЛКАНОТ

    ЖИТЕЛИТЕ НА ХАВАИ ЕВАКУИРАНИ ПО ЕРУПЦИЈАТА НА ВУЛКАНОТПо ерупцијата на вулканот Килауеа векуирани се над 10.000 жители од Хаваи, бидјќи лавата дошла до неколку населени места (Фото: АП)

    Властите во американската држава Хаваи наредија евакуација на населението од големиот остров, откако лавата која потече од вулканот Килауеа загрози неколку населени области.

    Од окружната цивилна одбрана на Хаваи кажаа дека околу 10.000 луѓе се евакуирани на безбедно, откако при ерупцијата Килауеа исфрли лава над 30 метри во воздухот.

    Чад, лава и пепел се појавија на патот на областа Пуна на големиот остров. Видеата што беа објавени на социјалните медиуми покажаа дека лавата се лизга низ шумата и по патот.

    Килауеа е активна со денови. Утрово островот беше погоден и од земјотрес со магнитуда од 5 и десетина афтершокови. Килауеа е еден од најактивните вулкани во светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира