СЕ ВРАЌАМ НА РАБОТА, НЕ СИ ПОДНЕСУВАМ ОСТАВКА ПОРАДИ БОЛЕСТ, ВЕЛИ ВЕЛЕШКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК КОЦЕВСКИ

    СЕ ВРАЌАМ НА РАБОТА, НЕ СИ ПОДНЕСУВАМ ОСТАВКА ПОРАДИ БОЛЕСТ, ВЕЛИ ВЕЛЕШКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК КОЦЕВСКИДеновиве низ Велес се ширеа шпекулации дека градоначалникот Аце Коцевски се повлекува поради болест. (Фоот: СДК.МК)

    Градоначалникот на Велес Аце Коцевски по подолга пауза се појави во јавноста. Тој вели дека така става крај на шпекулациите што деновиве се шират низ градот, дека поради болест се повлекува. Потврди дека имал здравствени проблеми, но демантира дека ќе си поднесе оставка.

    „Овде сум во општината, фокусиран на голем број проблеми и предизвици. Точна е информацијата дека изминатиот период се соочив со личен предизвик, со здравствени проблеми, како што им се случува на многумина на моја возраст, особено од стресните професии како оваа што ја извршувам. За среќа овој предизвик го надминувам и повеќе од кога повторно сакам да се посветам на визијата Велес да го направиме убаво и пријатно место за живеење. Немам намера да поднесам оставка, продолжувам да работам посветено на приоритетите на Велес, за што на локалните избори ја добив довербата од гласачите“, рече Коцевски.

    Тој ги презентираше резултатите на локалната власт од првиот квартал годинава. За првите три месеци реализираните приходи биле за 28,3 милиони поголеми, отколку во лани истиот период. За шест месеци како градоначалник и општината немале потрошена ниту денар за репрезентација, за ручеци и вечери, парите за гориво биле намалени за три пати. Долгот кон ЈКП „Дервен“ кој изнесувал 90 милиони денари, поради неплатени фактури од 2013-та бил намален за 7 милиони денари. Коцевски информираше дека долгот на општината, откако е тој градоначалник намален досега за 55 милиони денари.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира