333 БЕНДОВИ И 2.500 МУЗИЧАРИ – ТОШО ФИЛИПОВСКИ ВЕЧЕРВА ЈА ПРОМОВИРА „МАКЕДОНСКА РОК ЕНЦИКЛОПЕДИЈА“

    333 БЕНДОВИ И 2.500 МУЗИЧАРИ – ТОШО ФИЛИПОВСКИ ВЕЧЕРВА ЈА ПРОМОВИРА „МАКЕДОНСКА РОК ЕНЦИКЛОПЕДИЈА“Авторот Тошо Филиповски шест години работел на подготовката и на создавањето на книгата

    Македонската рок музика добива капитално дело во „Македонска рок енциклопедија“, која вечерва, со почеток во 20 часот, ќе биде промовирана на платото пред Младински културен центар во Скопје.

    Во издание на „Корпус деликти рекордс“, книгата е животен труд на долгогодишниот музички новинар Тошо Филиповски, кој во последните шест години работел на истражување и на нејзина подготовка, па сега во неа се собрани 333 музички групи и околу 2.500 музичари, опфаќајќи го периодот од 1963 до 2018 година. И ова е само прв том.

    „Критериумите според кои се избирани бендовите се лабави. Сметав дека во енциклопедијата треба да влезат бендови што во некои пошироки дефиниции можат да се сместат во рок музика. Затоа внатре има биографии и на џез, електронски, амбиент, хип хоп бендови…, како и од сите оние поджанрови на рок музиката, како панк, реге, ска, метал, фанк, индастријал… Имаше само едно правило: во неа нема место за шлагерски, фестивалски, поп и фолк изведувачи“, вели Филиповски во најавата на книгата.

    Книгата има околу 500 страници и содржи повеќе од 400 фотографии. Вечерва на промоцијата, на којашто се очекува да дојдат голем број музичари од сите генерации, таа ќе може да се купи по цена од 2.300 денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира