ЕВРОПА ВЕЌЕ НЕ ТРЕБА ДА СМЕТА НА ЗАШТИТА ОД САД, КАЖА МЕРКЕЛ

    ЕВРОПА ВЕЌЕ НЕ ТРЕБА ДА СМЕТА НА ЗАШТИТА ОД САД, КАЖА МЕРКЕЛЗа разлика од САД, тие му остануваат верни на иранскиот нуклеарен договор. - Емануел Макрон и Ангела Меркел (Фото: АФП)

    Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европа веќе не може да очекува од САД да го брани регионот, додавајќи дека „таа мора да ја земе својата судбина во свои раце“.

    Коментарот на Меркел уследи неколку дена откако Доналд Трамп ја повлече својата земја од иранскиот нуклеарен договор, што и Германија го има потпишано.

    „Веќе не можеме да мислиме дека САД едноставно ќе нѐ штитат. Место тоа, Европа треба да ја земе својата судбина во свои раце. Тоа е нашата задача во иднина“, изјави Меркел.

    Според „Блумберг“, Меркел го кажала ова на една церемонија во Ахен, на којашто присуствувал и францускиот претседател Емануел Макрон и за тоа добила голем аплауз.

    Спротивно на САД, Меркел, Макрон и британската премиерка Тереза Меј дадоа заедничка изјава дека му остануваат посветени на меѓународниот договор што треба да го спречи Иран да ги развива своите нуклеарни капацитети.

    „Ги повикуваме сите страни да останат целосно посветени на спроведувањето на договорот и да се однесуваат одговорно“, се вели во изјавата.

    Ова не е првпат Меркел јавно да го критикува својот сојузник САД. За време на ланскиот Самит на НАТО, таа кажа дека Германија веќе не треба да биде зависна од САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира