СУДОТ ГИ ОДБИ МЕРКИТЕ КОИ СЈО ГИ БАРАШЕ ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ВО „ТНТ“

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    СУДОТ ГИ ОДБИ МЕРКИТЕ КОИ СЈО ГИ БАРАШЕ ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ВО „ТНТ“

    Кривичниот суд ги одби барањата на Специјалното јавно обвинителство за одземање на патните исправи на првоосомничената градежна инспекторка од општина Гази Баба и на останатите тројца осомничени во случајот „ТНТ“.

    „Во однос на случајот во јавноста познат како „ТНТ“, судија на претходна постапка по разгледување и ценење на предлогот како и по сослушување на четворицата осомничени донесе решение со кое гo одби предлогот на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои поизлегуваат од незаконското следење на комуникации (СЈО) за определување мерки за обезбедување на присуство, привремено одземање патна исправа за преминување државна граница и обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган“, информираат од Основниот суд Скопје 1.

    Од Специјалното јавно обвинителство имаат право да поднесат жалба до Кривичниот совет во рок од 24 часа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира