Арнолд Шварценегер го повика американскиот претседател Доналд Трамп да се вклучи во напорите за промоција на зелена енергија. Поранешниот гувернер на Калифорнија зборуваше на вчерашниот Светскиот самит Р20 Австрија за климатски промени. Шварценегер се спротивстави на Трамп лани, кога тој најави дека САД се повлекуваат од Парискиот климатски договор.
„Оние меѓу вас кои имаат отпор, бидејќи не може да замислат успех без фосилни горива: ве повикуваме да се вклучите. Сите. Исто така и вие претседателе Трамп, придружете ни се“, рече Шварценегер и додаде: „Вие рековте дека сакате толку многу победи, што на луѓето во САД ќе им здосади од победување. Ако тоа е навистина она што го сакате, придружете ни се, затоа што тогаш ќе имате многу победи“.