Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи Никола Димитров седнаа на маса во Клубот на пратеници, каде Заев треба да го соопшти договорениот предлог со грчкиот премиер Алексис Ципрас како можно решение за спорот за името.
Неофицијалниот предлог што треба да го соопшти Заев е Република Илинденска Македонија за севкупна употреба. Досега нема никаква реакција од Мицкоски и од Иванов за овој неофицијален предлог, кој беше одбиен од грчката опозиција. На масата денеска се и лидерот на ДУИ Али Ахмети и министерката и вицепремиерка Радмила Шеќеринска. Нема претставници од други парламентарни партии.
С. К. ДЕЛЕВСКА