СТОЈАМ ЗАД ПРЕДЛОГОТ РЕПУБЛИКА ИЛИНДЕНСКА МАКЕДОНИЈА, КАЖА ЗАЕВ ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА И НАЈАВИ РЕФЕРЕНДУМ

    СТОЈАМ ЗАД ПРЕДЛОГОТ РЕПУБЛИКА ИЛИНДЕНСКА МАКЕДОНИЈА, КАЖА ЗАЕВ ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА И НАЈАВИ РЕФЕРЕНДУМЗаев рече дека ќе ја тера постапката за овој предлог и најави референдумско изјаснување на граѓаните ако за него се постигне консензус. - Премиерот Зоран Заев на денешната лидерска средба во Клубот на пратеници (Фото: М. Златевска)

    Република Илинденска Македонија е предлогот кој што го договоривме со грчкиот премиер Алексис Ципрас и јас Зоран Заев, премиер на Македонија, стојам зад овој предлог и барам да ме поддржите, рече Заев по денешната лидерска средба, одбивајќи да коментира дали е обезбеден консензус за овој предлог и притоа упати за тоа јавноста да слушне од претседателот Ѓорге Иванов и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

    Заев рече дека ќе ја тера постапката за овој предлог и најави референдумско изјаснување на граѓаните ако за него се постигне консензус.

    На грчката јавност ѝ се обрати дека со овој предлог дефинитивно се разграничува територијата на нашата држава од регионот Македонија. Предложеното име, рече Заев, ќе биде за севкупна употреба и за внатре и за во светот и за тоа ќе се исполнат сите неопходни промени и процедури. Кодовите „мк“ и „мкд“ ги задржуваме, јазикот и идентитетот ги задржуваме македонски, тврди Заев.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира