Ракометарите на Вардар го освоија четвртото место на завршниот турнир на Лигата на шампионите, на простувањето на генерацијата која пред 12 месеци успеа да ја покори Европа.
Во дуелот што се очекуваше да биде големото финале во Келн, најскапиот тим на светот Пари Сен-Жермен го совлада Вардар со 29:28, за да го освои утешниот бронзен медал, како мала одмазда за ланскиот пораз.
Иако не во така драстичен обем како женскиот тим, и сега веќе бившиот европски првак ќе претрпи значителни промени во играчкиот кадар наредната сезона, бидејќи веќе е потврдено заминувањето на Штербик, Циндриќ, Македа, Кањељас, Абутовиќ и на Марсениќ. Екипата ја напушта и творецот на вардаровото чудо, тренерот Раул Гонсалес, кој ќе седне токму на клупата на ПСЖ.