РУСКИОТ НОВИНАР БАБЧЕНКО УБИЕН ВО КИЕВ

    РУСКИОТ НОВИНАР БАБЧЕНКО УБИЕН ВО КИЕВБабченко избега од Русија во 2016 откако прими смртни закани за свои критички текстови (Фото: ЕПА)

    Рускиот новинар Аркадиј Бабченко почина, откако беше застрелан во својот дом во Киев, потврди полицијата.

    Четириесет и едногодишниот Бабченко беше принуден да избега од татковината, откако прими смртни закани за пишувањата за падот на рускиот воен авион во 2016 година, кога загинаа членовите на хорот на Црвената армија.

    Тој претходно работеше на украинскиот канал АТР ТВ.

    „Се сомневаме дека убиството на Бабченко има врска со неговите професионални активности“, кажа шефот на киевската полиција, Андриј Кришченко.

    Бабченко беше жесток критичар на Кремљ во изминатите години и ги осудуваше руските воени акции во Сирија и источна Украина.

    По падот на авионот во Црното Море, тој ја опиша Русија како агресор, по што прими смртни закани.

    „Избегав од земјата, затоа што веќе не бев безбеден таму“, кажа Бабченко тогаш.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира