ПРЕЦИЗНО ДА СЕ ДОГОВОРАТ ДЕТАЛИТЕ, ПА ЌЕ РАЗГОВАРАМЕ СО ЦИПРАС, ВЕЛИ ЗАЕВ

    ПРЕЦИЗНО ДА СЕ ДОГОВОРАТ ДЕТАЛИТЕ, ПА ЌЕ РАЗГОВАРАМЕ СО ЦИПРАС, ВЕЛИ ЗАЕВЗаев потврди дека потпишувањето на евентуалниот договор за името ќе се случи во Преспа. - Премиерот Заев на вчерашната собраниска седница за избор на нови министри (Фото: М. Златевска)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека сè уште не разговарал телефонски со грчкиот премиер Алексис Ципрас, иако во средата најави дека тоа треба да се случи до петок. Тој вели дека за да се случи телефонскиот разговор, треба првин прецизно да се договорат важни детали од евентуалниот договор за името.

    „Верувам дека ќе го најдеме решението, но штом се отстранат овие технички можности веднаш ќе се случи телефонскиот разговор и верувам дека во најбрз можен рок можеме да објавиме дека сето тоа што е договорено, како би го процесуирале понатаму самите постапки, за да пристигнеме навремено пред Европскиот совет заради тоа што тогаш ќе се одлучува за добивање датум за отпочнување на преговорите за Македонија. Така што, следните денови сме максимално фокусирани и посветени, се работи за договарање за членови од договорот, за детали коишто се важни, заради тоа што сега е време тие да бидат прецизно договорени“, изјави Заев, кој утринава присуствуваше на почнувањето на изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш.

    Заев потврди дека потпишувањето на евентуалниот договор за името ќе се случи во Преспа.

    „Таму би требало да биде потпишувањето, таа желба е уште од Давос затоа и премиерот Ципрас секогаш ја повторува и затоа јас само можам да ја потврдам секако во овој момент тоа што го разговараат усно министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција треба да биде преточено во правен документ, треба одредени детали, на крајот јас и премиерот Ципрас треба да одлучиме со наши аргументации“, рече Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира